Утрински Весник
Свет

Во водите на Куба убиени четири напаѓачи од американски чамец

Ef85f39d 6c86 41d6 aef4 29ce3d78f954.jpg

Четири мажи на глисер регистриран во САД се убиени во кубански води, соопшти кубанското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението на министерството се вели дека патниците на глисерот отвориле оган врз брод на крајбрежната стража кој им се приближувал. Во инцидентот, кој се случил во близина на остров на северниот брег на Куба, повредени се уште шест лица, пишува Би-Би-Си .

Во соопштение објавено преку кубанската амбасада во САД, министерството соопшти дека бродот регистриран во Флорида – со регистрациски број FL7726SH – бил забележан во среда наутро во близина на Кајо Фалконес, во централната провинција Вила Клара. Идентитетите на луѓето на бродот, како и причината за нивното присуство во областа, сè уште не се јасни, а кубанската влада соопшти дека е започната истрага за „разјаснување“ на инцидентот.


Кога кубански брод со пет граничари се приближил до глисерот за идентификација, „екипажот на глисерот што го прекршил законот отворил оган“, ранувајќи го кубанскиот командант, се вели во соопштението. „Во конфликтот што следел, според досегашните информации, четворица напаѓачи на странскиот брод биле убиени, а шестмина биле ранети“, се додава во соопштението.

Ранетите лица биле евакуирани и им била укажана медицинска помош.

Можете да прочитате

Талибанците го легализираа семејното насилство: Донесоа закон што дозволува тепање жени и деца

Трамп од Зеленски побарал војната да заврши за еден месец

Бил и Хилари Клинтон ќе сведочат за врските со Епштајн