Утрински Весник
Македонија

Во тек е конкурсот за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“

20260225162418 big 730x400 48.webp.webp

Општина Велес распиша конкурс за доделување актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални  институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Македонија.

Кандидатите треба да се професионални драмски актери, државјани на Македонија. Конкурсот е во тек, а крајниот рок за доставување на предлози е 12 март 2026 година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1 400 Велес, лично или по пошта. За предлозите испратени по пошта, краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во гореспоменатиот рок за предавање.


Како што се наведува во конкурсот, приоритет имаат драмските актери од средната генерација. На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.

Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи: пријава за кандидатот од предлагачот, биографија на кандидатот што ги содржи сите досегашни професионални остварувања во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија, фотографија на кандидатот и образложение од предлагачот за пријавување на кандидатот на конкурсот.

На конкурсот се доделува една награда. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес-конференција во Општина Велес, најдоцна пет дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.

Наградата се доделува од 2006 година, а прв ја доби актерт Благоја Спиркоски Џумерко, а лани ја доби актерката на Велешкиот театар Слободанка Чичевска.

Можете да прочитате

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Филипче: СДСМ нема страв од никакви постапки, секој што го прекршил законот треба да одговара

Д-р Станков: Двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт