Утрински Весник
Македонија

Жителите на Старо Нагоричане вознемирени по убиството на повозрасната жена

Obvinitelstvo 1.jpeg

По апсењето на 25 годишниот жител на с. Малотино, осомничен за убиство на 78 – годишна жена од с.Челопек, страв и трепет владее меѓу населението во Старо Нагоричане.

Поради страв дел од семејствата си ги зеле повозрасните родители од неколкуте села од општина Старо Нагоричане. Оние коишто останале се загрижени за својата безбедност. Повеќето го познаваат осомничениот, за кого кажуваат дека со велосипед се движел низ селат и го чувал добитокот.


-Стравуваме како не, сама си седам, ама сега ми е страв. Некои жени што живеат постари сите ги одведоа или ќерки, синови, или доаѓаат често. Се надеваме дека ќе биде побезбедно. Државата и институциите да направат нешто за да не се плашат жителите, инаку како ќе живееме. Секоја година сме се постари и како ќе се одбраниш кога ќе ти дојде некој таков-изјави Добрица Јовановска, жителка на селото Челопек.
Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во домот на 78 годишната жена, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.

-Во  село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од село Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.

Жителите се вознемирени дека со него се поврзуваат и други случаи, слично како убиството.

-Јас сум поранешен директор на училиштето, тој тука живее во близина на школото. Го чуваше добитокот. Ја познавам жртвата која потекнува од нашето село, тука како пензионерка си живееше. Навистина сме вознемирени, немавме вакви случаи, мора да се заклучуваме, да внимаваме- вели Владо Јакимовски, жител на селото.

Обвинителството нареди и психијатриско вештачење на осомничениот од страна на тим вешти лица – форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје

Можете да прочитате

Јошевска Анастасовска: Судија не смее да изрече мерка притвор ако има предлог од обвинител за куќен притвор

Јаневска: Потребно е поткревање на квалитетот на високото образование

Следува стабилно и сончево време