Утрински Весник
Македонија

ДУИ бара Филков да биде разрешен

Dui.webp.webp

ДУИ го обвини министерот за правда Игор Филков за директно мешање во судството и во обвинителството. Од ДУИ бараат тој да биде разрешен. Партијата потенцира дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да постапува судството. Според ДУИ, улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи каде што постои политичка поларизација.

-Министерот, наместо да го штити системот од политички притисок, создава клима на однапред одредена одлука и врши јавен притисок врз обвинителите и судиите. Ваквите изјави го нарушуваат принципот на поделба на власта и го загрозуваат интегритетот на тековните постапки. Го повикуваме министерот да се воздржи од какво било понатамошно мешање и доколку оваа практика продолжи, тој треба веднаш да биде разрешен за да се заштити независноста на судството – соопшти ДУИ.


Од партијата најавија дека ќе ги информираат стратешките партнери, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Европската Унија и ОБСЕ, за овие случувања.

Можете да прочитате

Јане Ченто: Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор

Маж се обидел со фалсификат диплома да поднесе документи за возачка дозвола

Жителите на Старо Нагоричане вознемирени по убиството на повозрасната жена