Утрински Весник
Македонија

Познати имињата еве кои компании ги загубија лиценците за одгледување канабис

Vidovi kanabis 1.jpg

Министерството за здравство одзеде лиценци за одгледување канабис за медицински цели на шест компании, по спроведени инспекциски контроли во кои биле утврдени сериозни неправилности во работењето.

На прес-конференција во Владата, министерот за здравство Азир Алиу информираше дека одлуките се донесени врз основа на наодите од извршените инспекциски надзори.


Лиценците им се одземени на компаниите „Алфафам“, „Грин лајф“, „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“. Според министерот, кај дел од нив биле констатирани неправилности како несоодветно складирање на сувиот цвет, недоследно известување до надлежната Комисија, како и недоставување целосна документација поврзана со продажбата и трансферот на производите.

Алиу посочи дека досега биле извршени контроли во 13 правни субјекти, но најави дека инспекциски надзор ќе биде спроведен кај сите 43 компании кои поседуваат лиценца за одгледување канабис за медицински цели во државата.

Воедно, министерот најави подготовка на ново законско решение, откако биле утврдени слабости во постојната регулатива кои оставаат простор за можни злоупотреби.

„Ќе имаме ново законско решение кое ќе биде усогласено со ЕУ директивите и ќе ги надмине слабостите што ги утврдивме на терен“, изјави Алиу, додавајќи дека законските измени ќе бидат подготвени по завршување на сите контроли.

Можете да прочитате

Тинејџери напаѓале и ограбувале жени во Прилеп

Четири години војна во Украина: Специјално отворено студио вечерва на 4TV.mk

Баба тепала дете во Делчево