Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода криумчар на мигранти, пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир

Migranti 1.jpg

На 23.02.2026 околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје- Куманово, полициски службеници го лишија од слобода О.К.(33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир.

Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено, О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


Можете да прочитате

ИЈЗ алармира: Опасни болести демнат од комарците – летово бидете особено внимателни

Генерациска солидарност: твојата иднина, твоја одговорност

Професорот Горан Марковски: Во „Пулс“ не биле почитувани ниту стандарди, ниту процедури за безбедност