Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Подготвуваме стратегија за оризопроизводство и редефинирање на откупот на оризова арпа

Cvetan tripunovski e1771920253361.jpg

„Како Министерство подготвуваме документ што ќе се нарекува Стратегија за оризопроизводство, бидејќи ни е важно како држава да ја одржиме оваа стратешка култура, поради регионот и поради квалитетот на овој препознатлив бренд”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ Стар.

Министерот потсети дека оризот веќе е прогласен за стратешка земјоделска култура.


„Еден сегмент што треба дополнително да се доуреди е начинот и условите под кои ќе се врши откуп на оризовата арпа. Во изминатите месеци беа воочени бројни неправилности кај дел од компаниите, од кои најголем дел се санкционирани согласно постојните законски прописи”, посочи тој.

„Потребно е унапредување и прецизирање на процесот за да се спречат можни манипулации од страна на компаниите. Не велам дека сите се исти, меѓутоа имаме сериозни отстапувања на кои како држава реагираме”, појасни министерот Трипуновски.

Тој додаде дека ќе следува редефинирање на процесот на откуп, односно ќе се утврдат јасни критериуми за тоа кој може да врши откуп, под кои услови и со каква соодветна опрема. На тој начин, како што ќе се елиминираат можностите за злоупотреби.

Можете да прочитате

Мицкоски: Се намалуваат цените на дизелот и бенизините за 2,5 и 1,5 денари

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

Во февруари 244 одобренија за градење, 173 се за високоградба, предвидени 309 станови