Утрински Весник
Свет

Сомалиленд е подготвен да им даде на САД пристап до своите минерали, како и можност за распоредување американски воени бази

20260222134512 big 730x400 11.webp.webp

Сомалиленд е подготвен да им даде на САД привилегиран пристап до своите минерали, како и можност за распоредување американски воени бази, изјави министерот во владата на Сомалиленд, Хадар Хусеин Абди.

Во декември минатата година, Израел стана првата земја што ја призна Сомалиленд по нејзиното отцепување од Сомалија во 1991 година. Одлуката предизвика силно негодување во Могадишу, кој продолжува да тврди дека има контрола врз територијата.


„Подготвени сме да им дадеме на САД пристап до нашите минерални ресурси. Исто така, сме отворени за идејата да им понудиме воени бази на САД“, додаде Абди.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа