Утрински Весник
Балкан

Здравко Чолиќ два часа на распит за бомбашкиот напад врз неговата куќа

Zdravko colic.jpg

Пејачот Здравко Чолиќ поминал речиси два часа во полициска станица давајќи исказ во врска со инцидентот, во кој на 3 февруари била фрлена бомба врз неговата семејна куќа на Дедиње во Белград. Како што пишува српски Курир, Чолиќ бил испрашуван веднаш по враќањето од Хрватска, каде го снимал новиот албум и каде што престојувал за време на инцидентот.

Пејачот ги изнел сите детали што би можеле да помогнат во расветлувањето на настанот пред властите. Според извори на Курир.рс, Чолиќ бил смирен за време на испрашувањето. Трпеливо одговарал на сите прашања, а акцентот на испрашувањето бил ставен на можните мотиви за нападот. Истражителите биле заинтересирани дали пејачот се заменил со некого, дали имало лице за кое се сомневал и дали тој или некој од членовите на неговото семејство имал долгови или нерешени сметки што можеле да бидат причина за ваков чин.


Чолиќ сè негирал. Особено нагласил дека не се замерил со никого и дека нема проблеми со соработници, колеги или почитувачи на неговиот лик и дело во кариерата. Нагласил дека не стекнал непријатели, ниту пак има непријатели за кои знае.

Можете да прочитате

ОН ѝ дава на Бугарија шест месеци да им овозможи на Македонците право на здружување

Турција планира целосна забрана за продажба на тутунски производи до 2040 година

Конститутивна седница на новиот словенечки парламент, најавени предизвици