Утрински Весник
Македонија

Опаѓа бројот на заболени од грип

Grip.webp.webp

Оваа недела бројот на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип во Македонија продолжува да опаѓа, соопштуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Според последниот извештај, оваа недела се евидентирани 1.150 нови случаи, што претставува намалување од 11,9 проценти во споредба со минатата недела, кога биле пријавени 1.306 заболени.

Во споредба со истиот период минатата сезона, кога биле пријавени 2, објави 4news.mk 726 случаи, намалувањето е значително – 57,8 отсто. Анализата по возрасни групи покажува дека најзагрозена категорија се лица на возраст од 15 до 64 години со 621 заболено лице, потоа следуваат деца од 5 до 14 години (229 случаи), деца до 4 години (157 случаи) и лица над 65 години (143 случаи).


Од почетокот на сезоната 2025/2026, вкупниот број на пријавени случаи на грип и заболувања слични на грип достигна 13.871. Најголем дел од случаите биле регистрирани во јануари (9.135 случаи), додека во февруари бројот паднал на 2.456. Во декември имало 1.324 случаи, а во ноември и октомври се забележани значително помал број случаи – 438 и 338, соодветно.

Податоците укажуваат дека сезоната го достигнала својот врв во јануари, по што следи постепено намалување на бројот на заболени, објави 4news.mk Здравствените власти апелираат на почитување на превентивните мерки, особено кај најмладите и повозрасните граѓани, кои се дел од најризичните групи.

Можете да прочитате

Насилна ноќ во Скопје: Пијан возач нападна полицаец, обид за прегазување на дете и серија тепачки низ градот

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Синоќа опожарен автомобил и во скопски Аеродром