Утрински Весник
Свет

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Mucunski 3.jpg

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово имал телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски.

Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата.

Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.

Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период

Можете да прочитате

Комарци шират вирус во Шри Ланка, болниците се полни, aктивирани војска и дронови

Иран се заканува: „Оваа војна е сè или ништо“

Трамп размислува за напади врз Мали