Утрински Весник
Свет

Марш во Лион по смртта на десничарски активист, Макрон повика на смиреност

Makron1.jpg

Стотици лица излегоа на улиците на Лион на марш организиран од крајно десничарски групи, откако млад националистички активист почина од повреди здобиени при претепување во градот. Собирот се одржа под засилено полициско присуство.

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на воздржаност и единство, оддавајќи почит на 23-годишниот Квентин Деранк, кој минатата недела почина во болница од тешки повреди на мозокот. „Ова е пред сè момент на сеќавање и почит кон овој млад сонародник, неговото семејство и блиските. Потоа следува момент на одговорност и цврстина“, изјави Макрон.

Според информациите од обвинителството во Лион, приведени се седум лица против кои се поднесени прелиминарни обвиненија. За шестмина од нив се бара покренување постапка за убиство со умисла, тешко насилство и здружување за извршување кривично дело, додека седмиот се товари за соучество.

Деранк бил нападнат за време на судир меѓу приврзаници на крајната левица и крајната десница, на маргините на студентски собир на кој говорела левичарската пратеничка Рима Хасан.

Макрон најави дека следната недела ќе одржи состанок со министрите за да се направи темелна анализа на насилните активистички групи поврзани со политички партии, при што не ја исклучи можноста некои од нив да бидат распуштени.

Можете да прочитате

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Внимателно ќе ја анализираме ситуацијата