Утрински Весник
Свет

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење

Zoi2026 1.jpg

Францускиот тандем, Емили Хароп и Тибо Анселмет, денеска во Бормио триумфираше во мешаната штафета во скијачко планинарење, освојувајќи златен медал за Франција на Зимски олимписки игри 2026. Со ова одличје, Франција стигна до седмото злато на годинашните Игри.

По среброто и бронзата што ги освоија во поединечните натпреварувања во четвртокот – воедно и олимписко деби на скијачкото планинарење – Хароп и Анселмет денеска доминираа од старт до целта.

Второто место им припадна на Швајцарците, Маријана Фатон и Џон Кистлер, додека бронзата ја освои шпанската двојка, Ориол Кардона и Ана Алонзо.

Интересно е што Фатон и Кардона веќе се закитија со златни медали во поединечна конкуренција на Игрите во 2026 година.

Можете да прочитате

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка