Утрински Весник
Свет

Камион со течен гас експлодира на автопат во Сантијаго – четворица загинати, 17 повредени

Policija Police Pixa.jpg

Тешка несреќа го потресе автопатот во Сантијаго, Чиле, откако камион натоварен со течен гас експлодираше вчера, предизвикувајќи разурнувања во радиус од околу 200 метри.

Според првичните информации, најмалку четири лица го загубиле животот во силната детонација, меѓу нив и возачот на товарното возило. Повредени се уште 17 лица, кои биле пренесени во блиските болници.

Очевидци наведуваат дека возачот претходно ја изгубил контролата врз камионот, по што следувала експлозијата. Ударниот бран и густиот облак од чад биле забележани на големо подрачје, а оштетени се најмалку 50 возила што се нашле во близина.

Надлежното обвинителство отвори истрага за да ги утврди причините за несреќата. Компанијата-сопственик на камионот, Гаско, засега не излезе со официјален став во врска со трагичниот настан.

Можете да прочитате

Трамп ќе ги зголеми глобалните царини на 15%

Марш во Лион по смртта на десничарски активист, Макрон повика на смиреност

Либанскиот претседател го обвини Израел за нарушување на стабилноста по новите воздушни напади