Утрински Весник
Свет

Унгарија ќе го блокира пакетот заем од 90 милијарди евра за Украина

Ungarija.webp.webp

Унгарија ќе го блокира заемот од 90 милијарди евра за Украина додека не продолжат испораките на нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Петер Сијарто нагласи дека ова е реакција на унгарската влада на одлуката на Киев да не го обнови протокот на руска нафта во Унгарија, иако, според Сијарто, нема технички пречки за ова. Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека украинската влада, во договор со Брисел и унгарската опозиција, ја уценува Унгарија со блокирање на нафтоводот со цел да го наруши снабдувањето со енергија и да предизвика нагло зголемување на цените на горивата на пумпите пред парламентарните избори.

„Нема да попуштиме на оваа уцена, нема да ја поддржиме војната во Украина, нема да им платиме на Украинците за војната, нема да дозволиме парите на унгарскиот народ да бидат испратени во Украина и нема да им дозволиме да ја зголемат цената на бензинот“, нагласи Сијарто.

Можете да прочитате

Во Германија ќе се плаќа за да се добие совет во продавница

„НАСА ја испраќа ‘Артемис II’: Прв лет со екипаж околу Месечината по 50 години“

Тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија