Утрински Весник
Свет

Трамп ги продолжува санкциите кон Русија поради војната во Украина

Sanctions.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги продолжи санкциите на САД против Русија за уште една година поради војната во Украина.

Во официјалната порака на Трамп, објавена во Федералниот регистар на САД, се наведува дека продолжувањето ќе стапи на сила на 6 март.

Во документот се наведува дека вонредната состојба, прогласена со Извршна наредба 13660, се продолжува за уште една година во согласност со член 202(д) од Законот за национални вонредни состојби.

Вонредната состојба во врска со ситуацијата во Украина продолжува да дозволува санкции воведени во март и декември 2014 година, како и во септември 2018 година и февруари 2022 година со извршни наредби на претходните претседатели.

Санкциите и прописите за вонредни состојби на САД важат една година, по што претседателот може да ги продолжи со посебна наредба. 

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа