Утрински Весник
Свет

Иран и Русија ја завршија заедничката поморска вежба

20260218095828 big 730x400 65.webp.webp

Заврши заедничката поморска вежба на иранските и руските сили, објавија официјални извори.

Маневрите имаа за цел зајакнување на билатералната соработка, зголемување на поморската безбедност и подобрување на оперативната координација меѓу двете земји. Заедничките поморски вежби се одржаа во Оманскиот Залив во северниот Индиски Океан, како дел од напорите за развој на таканаречената поморска дипломатија, проширување на воената интеракција и размена на оперативно искуство.

Претставниците на Техеран и Москва ја истакнаа намерата да продолжат со заедничката работа во областа на поморската безбедност и сигурност.

Израелската револуционерна гарда (ИРГЦ), исто така, учествуваше во вежбите покрај јужниот брег на Иран.

Морнарицата на ИРГЦ веќе спроведе воени вежби во северозападниот дел од Ормутскиот теснец во понеделник, испукувајќи ракети кон цели во Заливот за да ја покаже својата подготвеност за можни напади од страна на САД.

Аналитичарите ги гледаат сегашните вежби како демонстрација на сила од страна на Техеран, при што поддршката од Москва веројатно има за цел да дејствува како одвраќање.

Ракетни тестови се планирани за денеска во неколку јужни делови од земјата.

Можете да прочитате

Трамп: Јас сум единствениот кој ќе одлучи за прекин на огнот

Иран: Ормуската Теснина ќе се отвори само кога ќе има надомест за бродарина

Доналд Трамп Јуниор утре во посета на Бања Лука: Специјални безбедносни мерки и најави за бизнис-дипломатија