Утрински Весник
Македонија

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Img 8460.jpeg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион, бидејќи самата тема покрај ситно политичките поени кои сака да ги добие СДС што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти. 

Треба СДС пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион да биде свесна дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател, и уште еден инцидент на трагично загинат претседател на држава и тоа со владино летало.

Актуелното владино летало од кое СДС и Венко Филипче правват евтин сензационализам е старо 20 години, купено 2005тата година и од 2017та до сега се потрошени околу 4 милиони евра за поправки.

Воедно индикативно и би можело да се оцени за крајно лицемерно е поведението на лидерот на СДС Венко Филипче кој зад затворени врати го поддржа купувањето на новиот владин авион, а во јавноста се противи поради ситен партиски интерес и гол популизам.

Кој Венко се противи, тој кој во 4 ѕида вели купете авион, или тој кој пред микрофони вели не купувајте авион, дадете пари за минимална плата?

Ова се вика дефиниција за лицемерие. СДС шири лажни вести.

Дополнително, семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС, и тие на тој начин самите се издаваат дека Зоран Заев летал со целото семејство во Амстердам на одмор и дека најчеста дестинација на авионот била Ниш во времето на владите на СДС.

А кога сме кај парите за минимална плата еве неколку дополнителни предлози за СДС. Тие може да се обезбедат од крадените пари од кои Венко Филипче купи хациенди на Водно, може од парите од провизиите од кинеските вакцини Стабри кои ги договораше Венко Филипче, или пак од парите со кои Заев гради згради во Дубаи, или пак од парите кои Вице Заев ги украде од РЕК и префрли на бугарска фирма.

Можете да прочитате

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Му ја одзеле возачката па ја пријавил како изгубена, кривична пријава за стружанец

Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион