Утрински Весник
Македонија

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Луксузирањето на Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го покажа вистинското лице на премиерот и на неговата расипничка власт. 

До толку се опиени од моќта и аздисаното грабање пари преку приватни бизниси и криминални тендери.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата, им кратат 40 милиони евра на земјоделците, 5 милиони евра во спортот, премиерот ужива со парите на народот, со владин авион на море.

Со часовници од 60 илјади евра, и со владин авион, Мицкоски покажа дека е ист како Никола Груевски кој се луксузираше со очила од 60 илјади евра и мерцедес од 600 илјади евра. 

Додека недостасуваат милијарди во буџетот, додека храната, струјата и греењето се поскапени, Владата планира нови стотици милиони евра за авион – за нови туристички патувања на премиерот и министрите.

Ова е врв на аздисаност и ароганција на една корумпирана и криминална власт.

Мицкоски нека не се крие, нека излезе пред граѓаните и нека одговори:

Колку ги чинеше граѓаните неговото лукзусно летање со авион?

Кој бил со него во владинот авион?

Можете да прочитате

Мајка на две близначки со аутизам седи со нив на часови во училиште во Карпош затоа што МОН не обезбедило образовни асистенти

До 7:30 часот активни три пожари

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи