Утрински Весник
Македонија

На Попова Шапка 97 сантиметри снег

20260218084212 big 730x400 83.webp.webp

Најстудено изутринава во државава е на Попова Шапка, каде во 7 часот измерени се – 8 степени Целзиусови и 97 сантиметри снег.  Следуваат Kрушево и Mаврови Анови со – 4, Берово и Претор, – 1, Крива Паланка, Охрид, Битола, Прилеп, 0, Штип и Виница, 2, Тетово, Куманово и Струмица, 3, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Демир Капија, 4, Скопје-Петровец и Велес, 5, Гевгелија, 6 степени.

Количината на врнежи за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина во Струмица изнесува 13 литри на метар квадратен, 11 во Берово, 8 во Претор и Гевгелија, 7 во Демир Капија, 6 во Битола, 5 во Тетово, Пожаране и  Kрушево, 4 во Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, 1 во Кавадарци и Mаврови Анови.

Снег од три сантиметри има во Mаврови Анови, 2 Берово, 1 Ѓуриште.

УХМР најави дека во текот на денов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Можете да прочитате

Андоновски: Имаме системски пристап кон употребата на Вештачката интелигенција

Кузеска: Врв на безобразие, 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски наместо за плати, училишта и болници

Левица: Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен