Утрински Весник
Македонија

ДУИ поднесе кривична пријава против министерот Игор Филков

Filkov.jpeg

Демократска унија за интеграција поднесе кривична пријава против министерот за правда Игор Филков, обвинувајќи го за повреда на Уставот и законските прописи. Од партијата тврдат дека министерот постапил спротивно на Закон за употреба на јазиците, откако не го одобрил барањето на студентите по право правосудниот испит да го полагаат на албански јазик.

-Денес, пред оваа институција на правдата, поднесуваме кривична пријава против Министерството за правда за сериозни прекршувања на уставните и законските обврски. За попречување на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, спротивно на член 7 од Уставот и членовите 1, 2, 3 и 9 од Законот за употреба на јазиците, кои го признаваат албанскиот јазик како службен јазик покрај македонскиот и ги обврзуваат државните институции да обезбедат употреба на службениот јазик во службените постапки и документи- велат од ДУИ.

Кривичната против Филков е и поради неизвршување на службена должност на штета на уставните и законските права на граѓаните Албанци, спротивно на член 9 од Уставот (еднаквост на граѓаните пред законот) и член 353 од Кривичниот законик (злоупотреба на службена должност и овластување).

-Одбивањето да се организира и одржи правосуден испит на албански јазик директно го нарушува правото на употреба на службениот јазик во постапките пред институциите. Овие дејствија претставуваат повреда на рамноправноста на граѓаните согласно член 137 од Кривичниот законик и се спротивни на одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој забранува секаков облик на дискриминација врз основа на јазик и етничка припадност. Неспроведувањето на законот и негирањето на ова право испраќа дискриминаторски пораки и ризикува продлабочување на тензиите во мултиетничкото општество – валат од ДУИ.

Според партијата, со тоа што испитот по правосудство не се полага на албански јазик и со одбивањето да го спроведе тоа законско право, Министерството за правда ги прекршило своите службени должности, го прекршило уставниот принцип на еднаквост и постапило спротивно на правниот поредок на државата.

-Од овие причини, бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да преземе потребни истражни дејствија, да го продолжи случајот пред надлежниот суд и да гарантира спроведување на законот без каква било форма на дискриминација – велат од ДУИ.

Можете да прочитате

„Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

Дрво падна врз три автомобили во Кисела Вода, сообраќајот блокиран

Макрадули: Додека опозицијата се занимава со себе, власта бега од одговорност