Утрински Весник
Македонија

Перински: Поддршка за локалниот потенцијал: Објавен повик за зголемување на регионалната конкурентност

Perinski sistemski pristap pri nasochuvaneto na budhetskite sredstva kon regionite i opshtinite.jpg

Министерството за локална самоуправа објави Јавен повик за финансирање на предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој.

Целта на повикот е доделување средства на проекти кои ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, јакнење на регионалната конкурентност и поттикнување на локалниот развој преку искористување на сопствените потенцијали.

Како приоритетни за 2026 година се утврдени следните активности и мерки:- развој на современа и модерна инфраструктура во планските региони;- препознавање и искористување на конкурентските предности на планските региони;- подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.

Вкупниот износ на средства предвидени за финансирање на проекти изнесува 74.840.000 денари. Овие средства се предвидени во Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година.

Право на поднесување предлог-проекти имаат: Центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од градот Скопје, високообразовните и научни институции и здруженијата.

Рок за поднесување апликации е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства.

Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа на следниот линк

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на министерскиот состанок за Коридор VIII во Тирана, Албанија

Скијач од Данска повреден по лавина на Попова Шапка

Ужас во Скопје, прегазено четиригодишно дете