Утрински Весник
Економија

Зајакнување на дигиталното земјоделство во Македонија

Image 2026 02 16 163710039.png

Оваа година, на 14 февруари, празникот Св. Трифун освен традиционално одбележување доби и ново значење на Опитното поле при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Во рамките на проектот „Зајакнување на дигиталното земјоделство во Македонија”, финансирaн од CMSR официјално беше промовирана новата дигитална опрема што ќе го трансформира начинот на кој се учи, истражува и практикува земјоделството во нашата држава.

Настанот се одржа во присуство на Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, проф. д-р Биљана Ангелова, Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, проф. д-р Миле Маркоски, Амбасадорот на Република Словенија во нашата држава Н. Е. Грегор Прескер, како и генералниот директор на Центарот за меѓународна соработка и равој (CMSR), г. Дејан Прешичек – партнери кои со своето присуство испратија јасна порака: земјоделството е стратешка иднина.

Проектот „Зајакнување на дигиталното земјоделство во Македонија” претставува конкретна реализација на националниот Акциски план за дигитализација, што Владата активно го спроведува во изминатиот период. 

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра