Утрински Весник
Економија

Бранко Азески во посета на Штип

Branko Azeski E1737967637511.jpg

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, придружуван од членовите на Управниот одбор на Комората, денеска ќе престојува во Штип, каде ќе го посети државниот Универзитет “Гоце Делчев”, каде ќе има заедничка средба со ректорот проф. д-р Дејан Мираковски и со градоначалникот на Општината, Иван Јорданов.

Целта на посетата, во овој момент кога се води клучната расправа за промените на Законот за високото образование е подигнување на повисок степен на соработка меѓу образованието и бизнисот, особено во делот на примена на научните истражувања и користење на научната инфраструктура што е од интерес за бизнисот, но и е препознатливо обележје на овој Универзитет. Со ректорот Мираковски, ќе се разговара и за проширување на соработката со шестте земји на Западен Балкан, организирани во Коморскиот инвестициски форум – КИФ.

Во просториите на ректоратот на УГД, претседателот Азески, ќе има средба и со старо – новиот градоначалник Иван Јорданов, околу неколку заеднички проекти од интерес и за градот и за бизнисот, кои ќе бидат поврзани со новата инвестициона програма на Владата и Комората, а кои ќе бидат набрзо објавени.

На крај, ќе биде потпишана Иницијатива за основање на Иновациски центар – Штип помеѓу Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, Општина Штип и Стопанската комора на Северна Македонија како определбата на трите институции за создавање одржлив модел на трипартитна соработка во областа на претприемништвото, иновациите и локалниот економски развој.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра