
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави денеска дека го поканил својот кинески колега Ванг Ји да ја посети Украина, оценувајќи дека Кина може да има важна улога во завршувањето на четиригодишната војна со Русија.
Сибиха, по средбата со Ванг на маргините на Минхенската безбедносна конференција, рече дека Украина ја цени поддршката на Кина за територијалниот интегритет и суверенитет и дека разговорот бил „суштински и прагматичен“, објавува украинскиот портал.
Во кинеското соопштение се наведува дека Ванг истакнал дека Кина е подготвена да обезбеди нова хуманитарна помош за Украина и дека одржува комуникација со Киев, како и да соработува со меѓународната заедница со цел да се постигне политичко решение за кризата.

