Утрински Весник
Свет

Рубио и Мерц разговараа за глобалните предизвици, војната во Украина и зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа

20260213193133 big 730x400 81.webp.webp

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Минхен разговараше со германскиот канцелар Фридрих Мерц за глобалните предизвици, вклучително и унапредување на напорите за завршување на војната во Украина, зајакнување на партнерството меѓу САД и Европа и обезбедување на синџирите на снабдување, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека Рубио му изразил благодарност на Мерц за силната поддршка на Германија за Украина, вклучително и повеќе од 64 милијарди евра помош од 2022 година, и разговарале за континуирана координација на напорите за обнова на Украина.

Се истакнува дека Рубио и Мерц ја повториле важноста од продлабочување на партнерството меѓу САД и Германија во сите тие области.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина