Утрински Весник
Македонија

Меџити: Го поддржувам потегот на Касами, процесот за обединување на ВРЕДИ е веќе започнат

20260213121509 big 730x400 44.webp.webp

Лидерот на Демократското движење и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, денеска изјави дека силно го поддржува потегот на претседателот на Беса, Билал Касами, за отпочнување процес на обединување на политичките субјекти во коалицијата ВРЕДИ.

Меџити посочи дека во повеќе наврати сите лидери од коалицијата разговарале за можноста ВРЕДИ да функционира како единствен политички субјект, бидејќи тоа го бара членството и локалните структури.

– Во повеќе наврати и јас и другите лидери од ВРЕДИ сме најавиле дека разговаравме и преговаравме, бидејќи од членството и структурите се бара ВРЕДИ да биде едно. Силно го поддржувам тоа што го направи вчера Билал Касами, бидејќи тоа е чекор напред кон ВРЕДИ да биде едно. Најверојатно во следниот период истото ќе го направат и другите политички субјекти, почнувајќи од моето Демократско движење, истакна Меџити.

Во однос на прашањето кој би бил лидер на евентуално обединетиот политички субјект, Меџити рече дека во оваа фаза не се разговара за персонални решенија.

– Не сме фокусирани на персонални решенија. Прво сакаме да изградиме платформа, идеолошки структури, и потоа ќе дојдеме и до тоа. Има повеќе креативни идеи – ротација, копретседателство или модел со еден глас за секој независен член. Ќе се дојде до најдоброто решение, додаде Меџити.

Во врска со кадровските прашања во рамки на коалицијата, тој истакна дека секој кадар се оценува според својот учинок и дека при секоја реконструкција се очекуваат промени и подобрувања.

– Секој по својот учинок се анализира. Нормално, при секоја реконструкција да има промени и подобрување. Во однос на кадровските прашања во Беса, тоа е нивно внатрешно прашање. Убеден сум дека имаат капацитет да го надминат и да го решат, рече Меџити.

Можете да прочитате

Мицкоски – Кошта: Македонија заслужува процес, базиран на вредности, а не на билатерални условувања

Одбраната ја оспорува темелноста на вештачењето за „Онкологија“, судењето продолжува на 4 март

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија