Утрински Весник
Свет

Во бродолом во Судан загинаа 21 лице

Brod.jpg

Над 20 лица го загубија животот во бродолом во северниот дел на Судан. Бродот сообраќал по Нил и превезувал 30 патници. Бродот потона поради високите бранови.

Спасувачката мисија сè уште трае и се претпоставува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Бродоломот го преживеаја шест луѓе.

Бродските несреќи се чести во Судан, бидејќи има малку мостови, а Нил, особено во селските подрачја, најчесто се преминува со чамци и бродови. 

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд