Утрински Весник
Свет

Фицо со остри критики: ЕУ ризикува да стане „музеј на отворено“ поради економските политики

Fico.png

Словачкиот премиер Роберт Фицо упати сериозни критики кон економската насока на Европската Унија, оценувајќи дека блокот се соочува со длабока криза предизвикана од, како што рече, „климатски и идеолошки приоритети“ кои ја ослабнале конкурентноста. Во изјава пред заминувањето на неформалниот самит за конкурентност што се одржува во замокот Алден Бизен во Белгија, Фицо истакна дека европската економија се наоѓа во „катастрофална состојба“ и предупреди дека без итни мерки, особено во делот на цените на електричната енергија, последиците ќе бидат сериозни.

„Доколку оваа година не преземеме конкретни чекори, Европа ризикува да стане само културен музеј на отворено, атрактивен за богати туристи, но без вистинска економска сила“, изјави словачкиот премиер. Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска се состануваат на покана на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, со цел да се разгледаат идните насоки на економската политика во време кога Унијата се соочува со намалена конкурентност и зголемена зависност од критични суровини од трети земји. Темата за високите трошоци за електрична енергија беше во фокусот и на самитот на европската индустрија во Антверпен, каде што присуствуваа претставници на околу 500 водечки компании од различни сектори, кои алармираа за потребата од поефикасни и поодржливи решенија.

Можете да прочитате

Претрес во Европската комисија: Белгиската полиција проверува продажба на имот вреден 900 милиони евра

Орбан до Зеленски: Членството во ЕУ не се добива со ултиматуми

Италија воведува построги правила и рестрикции за илегалната миграција