Утрински Весник
Свет

Разбиена педофилска мрежа, малолетни деца намерно инфицирани со ХИВ

Policija Police Pixa.jpg

Разбиена е педофилска мрежа од страна на француските и сенегалските власти. Во последните години, оваа мрежа дејствувала на релација Бове – Сали. Како што пренесува реномираниот весник „Монд“, сенегалската полиција веќе привела 14 лица кои се сомничат за групна педофилија, силување и намерно ширење на вирусот ХИВ меѓу малолетни момчиња.

Истрагата открива морничави детали: децата биле злоупотребувани од мажи кои имале незаштитен секс со нив, а сето тоа било снимано. Француското одделение за криминалистички истраги го води случајот кој ја згрози светската јавност.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд