Утрински Весник
Македонија

Поранешниот директор на „Водовод“ – Кочани и уште три лица заработија кривични

Voda.webp.webp

Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделение за внатрешни работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против A.К.(44), поранешен директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани, З.Г.(53), вработен во претпријатието, Б.А.(64), исто така, вработен во претпријатието и против З.Ј.(55) поранешен вработен во јавното претпријатие, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со кривично дело „соизвршителство“.

Второпријавениот, како претседател на Комисија за спроведување на јавна набавка, и трето и четвртопријавените, како членови на Комисија за спроведување на јавна набавка, во текот на 2021 година постапиле спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки и спровеле постапка за јавна набавка на стоки – средство за превентивна санација од пожари на Градската депонија, при што составиле и усвоиле тендерска документација која содржела спецификација за продукти кои не постоеле на пазарот со цел да ја ограничат конкуренцијата меѓу економските оператори и фаворизирање на правно лице од село во општина Могила. Првопријавениот, иако бил должен да увиди дека постапката не е спроведена согласно Законот за јавни набавки, донел Одлука за избор на најповолен понудувач и во име на КЈП „Водовод“ Кочани склучил договор со што му овозможиле на операторот да се стекне со противправна имотна корист од 1.406.306 денари.

Можете да прочитате

Утрово слаб снег во Крушево и магла на Пресека

Ќе се формира Владин центар за одговор на сајбер инциденти

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин