Утрински Весник
Македонија

Се воведува истражувачко новинарство во наставата по Граѓанско образование за осмо и деветто одделение

Skolo 1.webp.webp

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, учествуваше на промоцијата на новиот курикулум за истражувачко новинарство во рамки на предметот Граѓанско образование, што се одржа во Собранието на Македонија. Дел од настанот беа и претседателот на Собранието Африм Гаши, амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во земјава Кристофер Зомер, како и претставници од Парламентарниот институт, Националниот демократски институт (НДИ), наставници и ученици.

Модулот за истражувачко новинарство е вид на практична школа за демократија. Во улога на истражувачки новинари, учениците ќе обработуваат теми од заедницата, ќе поставуваат прашања и ќе бараат одговори, ќе работат во тимови и ќе пишуваат новинарски текстови.

Министерката Јаневска нагласи дека демократијата е темелна вредност на нашето општество, а преку образованието можеме да придонесеме за натамошно јакнење на демократските процеси.

„Неодамна добивме признание од Советот на Европа дека Македонија е зрело демократско општество, во кое владее правото. Тоа е голема чест за нашата држава и за Владата, што во основа покажува дека демократските принципи се вградени во институциите на системот и дека демократијата ја практикуваме, а не е само декларативна. Треба да продолжиме во таа насока“, рече Јаневска.

Таа додаде дека низ воспитно – образовниот процес треба да подготвуваме нови генерации кои ги знаат, почитуваат и применуваат демократските принципи на еднаквост, слобода на говор и учество во носење одлуки.

Јаневска упати благодарност до швајцарската Програма за парламентарна поддршка и Парламентарниот институт на Собранието за подготовката на модулот, кој веќе е одобрен од Бирото за развој на образованието како изборен за 8-мо и 9-то одделение и е достапен на училиштата.

Можете да прочитате

Хоџа: Градиме одржлив систем за управување со отпад со поддршка од ЕБОР

Таравари најави тужба против Изет Меџити

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери