Утрински Весник
Македонија

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Filipce 2 sdsm 1.jpg

Државата е заглавена, нема да има пари во буџетот, нема прогрес во однос на европскиот пат, ова е старото ВМРО од времето на Никола Груевски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на вечерашната регионална средба во Штип.  

„Знаеме со каква власт имаме работа. Државата е заглавена, нема да има пари во буџетот, нема да има никаков прогрес во однос на европскиот пат, ова е старото ВМРО-ДПМНЕ од времето на Никола Гуревски. Целосна партизација, контрола на медиумите, злоуотреба на службите, ништо ново.” рече Филипче.

Притоа, Филипче додаде дека граѓаните ги препознаваат лошите политики на владата, разочарани се од власта затоа што знаат дека нема иднина.

„Луѓето тоа го препознаа, сега кажуваат тотално сме разочарани од власта, не гледаме дека ќе се подобрат. Затоа мора да работиме за да ја вратиме целосно довербата во СДСМ. Дали можеме? Можеме. Затоа што се осека дека енергијата е променета, не се само партиските членови и симпатизерите, луѓето сфатија дека нема иднина со оваа власт”  рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. вечерва во Штип.

Можете да прочитате

Уапсен во Србија е возачот што ја усмрти жената во Капиштец 

Филипче удри по внатрешните противнициж, „Нема да дозволам поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ“

Штрајк ја приземјува „Луфтханза“: Илјадници патници погодени, пилотите и кабинскиот персонал излегуваат на протест