Утрински Весник
Македонија

Зајкова: Потребна е правна регулатива за банките и намалување на провизиите за да покажеме дека ние ги застапуваме граѓаните, а не банките

Monika zajkova osnovano somnenie 1.jpg

„Ние овој закон за банкарски трошоци го доставувавме и во времето кога седевме во влада и го лобиравме законот внатре со тогашниот заменик министер за финансии и се дискутираше во рамки на пратеничката група во која ние пак бевме тогаш независни пратеници и пробувавме да им објасниме дека не е возможно. Тогаш беше и КОВИД пандемијата, а најголеми профитери беа банките. Пробавме да им објасниме дека со кратење на одредени трошоци и со укинување на одредени провизии, согласно европски практики да им доближиме, дека навистина доста солидна сума можеби до 2-3.000 денари месечно граѓаните ќе зачувуваат во своите џебови. Тоа не е малку”, изјави претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова во гостување на поткастот Основано Сомнение со Јанаки Митровски на а1он.

Зајкова додава дека предлог законот за банкарски трошоци тогаш воопшто не се дискутирал и останал некаде во лавиринтите. Во овој собраниски мандат, предлогот за трошоците Зајкова го доставила повторно, на што потоа се приклучува и пратеникот Димитар Апасиев, но мнозинството не гласа ништо и тој закон паѓа од точка на дневен ред.

„Затоа често пати во дебати ги прашувам дали јасно ќе се изјаснат еднаш дека се за профитите на банките или се за џебовите на луѓето. Затоа што мене вака ми изгледа дека го бранат профитот на банките. Излезе гувернерот и ЛДП го поздрави неговото излегување да побара од банките да намалат одредени провизии. Меѓутоа гувернерот е сега и неговото мислење е тоа. Утре можеби ќе се промени гувернерот и не е целта тоа, мора да има одредена правна регулатива”, децидна е претседателката Зајкова.

Како добри примери таа ги посочува Германија и Белгија, која има политика на унифициран банкарски систем и за подигнување средства од било кој банкомат нема провизија, освен ако не се подигнува готовина со странска картичка. Според Зајкова, во Франција може до три пати да подигнувате средства од различни банкомати без провизија, а после тоа провизијата изнесува околу 0,50 центи до 1 евро.

„Не може Македонија да има толкави провизии и трошоци. Па за еден кредит да подигнете, луѓето кажуваат, ги слушам, куп трошоци има дур да дојдете до кредит. Имам близок пријател на кој што му се случи да му кажат затворена ви е сметката, ги прашува дали треба уште нешто да донесам, не, не, сѐ е супер. За следниот месец да излезе дека заради нивни пропуст сметката не е затворена, ама тој треба да плати 6,5 илјади денари заради нивните грешки”, вели Зајкова.

Предлог законот за предвидуваше заштита на граѓаните од плаќања на надоместок или провизија за водење и одржување на сметка на платежна картичка, регистрирање и користење на услугата за електронско банкарство, проверка на состојбата на сметка на банкомат и издавање на изводи за состојба на сметка од експозитура на банка. Дополнително, доколку законот поминеше, ќе се укинеа трошоците за повлекување на готовина од сметки од банкомати, за издавање на потврда за состојба на кредит и потврда за затворен кредит, членарина за платежна картичка, како и трошоците за разгледување и обработка на барања за кредитни аранжмани, за станбени кредити и други провизии за кредит.

Можете да прочитате

Кабли вредни 200.000 евра украдени од објект во изградба, осомничен вработен во обезбедување

Сиљановска-Давкова разговараше со претставнички на Women in Tech-Macedonia

СДСМ: Укинување на техничка влада, криминал, корупција, Груевски – се враќаме во 2016 година