Утрински Весник
Македонија

ДУИ бара кривична одговорност од Филков

Dui 1.webp.webp

Интегрален текст од прес конференција на Канита Рамадани од ДУИ:

Почитувани,

Оневозможувањето полагање на правосудниот испит на албански јазик повеќе не е административно прашање. Ова веќе претставува пречка во спроведувањето на законот и отвора основа за кривична одговорност.

Правосудниот испит е во директна надлежност на Министерството за правда. Непреземањето мерки за обезбедување полагање на испитот и на албански јазик претставува свесно непостапување по законска обврска.

Со тоа се создава основ за одговорност за:
– злоупотреба на службената положба и овластување,
– несовесно вршење на службената должност,
кога службено лице, со пропуст или одбивање, им ускратува законско загарантирано право на граѓаните.

Дополнително, ограничувањето на употребата на албанскиот јазик во државна постапка претставува повреда на правото на употреба на јазикот, а јавното релативизирање на тоа право создава атмосфера на исклучување и содржи елементи на поттикнување нетолеранција на меѓуетничка основа, што е санкционирано со Кривичниот законик.

Затоа, денес бараме:

Инспекторатот за употреба на јазиците веднаш да спроведе инспекциски надзор за правосудниот испит и да покрене постапки за прекршок против Министерството за правда и одговорните лица.

Јавното обвинителство да утврди дали постојат елементи за кривично гонење за злоупотреба на службена положба, непостапување по службена должност и поттикнување нетолеранција.

Министерот за правда да сноси лична одговорност за секое дејствие или пропуст со кој се попречува спроведувањето на законот.

Законот е јасен. Неговата примена не е избор. Секое попречување има правни последици.

Ви благодарам.

Можете да прочитате

СУТКОЗ го поддржува новиот закон за пушење, но бара заштита на работните места во угостителството и туризмот

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Андоновски: Забраната на социјалните мрежи за деца и млади е премногу радикален потег