Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Предлог законот за високо образование ќе се надгради со сите издржани сугестии на академската заедница и пошироката јавност

Image 2026 02 10 193255937.png

Новиот закон за високо образование ќе донесе подобар квалитет на академската едукација и ќе ја унапреди позицијата на македонските универзитет на глобалните ранг листи. Ова ќе го постигнеме со зајакнати критериуми за избор во академски звања, што ќе стимулира изработка на повеќе научни трудови, како и со реорганизација на дел од студиските програми и воведување модуларност. 

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешното гостување во емисијата „Директно“ на ТВ Телма, каде во фокус на разговорот беше новото предлог законско решение за високото образование.

„Најмалку 60 професори учествуваа во изработка на новата законска рамка. Основата е дадена и продолжуваме со јавна дебата на сите државни универзитети. Законот е објавен и на владиниот ЕНЕР систем и секој може да даде придонес во унапредување на содржината. Тоа што ќе биде издржано, секако ќе прифатиме“, рече Јаневска, нагласувајќи дека со законот се унапредуваат и студентските права, односно се враќаат дел од оние кои беа укинати во 2018 година. На студентите пак, кои се добитници на Инженерски прстен, се прогласени за најдобри во генерацијата или студирале на некој од најдобрите 100 светски универзитети, ќе им се даде предност при вработување на државните високообразовни установи.

Министерката посочи дека во моментов има многу студиски програми на државните универзитети со по 3 или 5 студенти за кои се ангажирани голем број професори, кои пак, можат да бидат многу попродуктивни доколку се ангажираат за развој на образованието, за забрзување на дигитализација, развој на науката и други повисоки цели. Затоа, како што рече, неопходна е реорганизација на дел од студиските програми.

„Се разбира, лажни се информациите кои се пласираат во јавноста дека би се укинале студиски програми на кои има малку студенти, а се од национален интерес како оние по македонски јазик и литература, национална историја, филозофија и други“, рече министерката.

Можете да прочитате

Први податоци од сеизмолозите: Земјотресот со интензитет од V степени во Тетово и Гостивар

Земјотрес вечерва во Скопје – 24info.mk

Зајкова: Некој не сака легализација на канабисот бидејќи профитот од црниот пазар завршува во нивни џебови