Утрински Весник
Свет

Сијарто: Доколку ЕУ не се вмешаше во постапките на Трамп, војната во Украина веќе ќе беше завршена

Sijarto.webp.webp

Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.

„Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот почеток, Европејците ја сметаа оваа војна за своја. Тие велат: ’Ова е наша војна’. Всушност, тоа не е наша војна“, рече Сијарто во интервју за грузискиот телевизиски канал Рустави 2.

Според него, во Европа владее „воен фанатизам“ и Европејците не се заинтересирани за постигнување договор меѓу Русија и САД за решавање на ситуацијата во Украина.

„Брисел, Европската Унија и западноевропските земји отворено ги поткопуваат мировните напори и не е во нивен интерес Американците и Русите да постигнат сеопфатен договор што би вклучил мир во Украина“, рече Сијарто.

Можете да прочитате

Шведската влада најави заострување на условите за добивање државјанство

Израелски борбени авиони пресретнаа авион на Wizz Air

Макрон: Случајот Епстин е прашање на надлежност на американскиот правосуден систем