Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за сопственикот на фирмата каде загина снимателот Љушев, не бил осигуран и обучен за безбедна работа

Img 6382 1024x797 750x406 1.jpeg

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос”.

Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале.

С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот.  

Можете да прочитате

Трендафилов: Пратениците нека дојдат пеш, како и работниците

Томовски: Точно е дека недостасувало храна и пијалоци во владините бифеа

„Здрава котлина“ излегува на протест поради загадувањето