Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема одговор за 5 тони дрога, но затоа Алфа подготвува уште една лажна афера 

Sdsm.webp.webp

Нема одговори за тоа како 5 тони дрога се шверцувале преку македонската граница.

Нема одговори кој сѐ е вмешан во овој картелски скандал. Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Николовски?

Нема одговори ниту за измислената афера на др Жан која издиша како надуван балон.

Но, затоа Алфа ТВ подготвува уште една лажна афера со обвинителството, како продолжение.

Овој пат таргет се случаите на поранешното СЈО кои добија судска разрешница и во кои беа осудени поранешни високи функционери на ВМРО, Јанкуловска, Груевски и многу други.

Целта е преку нова негативна кампања против опозицијата, со Катица во главна улога, за што 3 години порано ја пуштија од затвор, а потоа и Боки 13.

Copy-paste на моделот на српските пропагандни шеми. 

Стара политичка сапуница, за манипулација со јавноста, со цел дефокусирање и напад врз опозицијата.

СДСМ, Центар за комуникации

Можете да прочитате

Училиштето знаело за семејното насилство врз Ивана уште од првиот училишен ден

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

ВМР-ДПМНЕ: Оставката на Ристоска е ден на жалост за рекет обвинителите и ден на среќа за обесправените