Утрински Весник
Свет

Во Дубаи уапсен атентаторот на рускиот генерал

1770367325 vladimir aleksejev.format avif.width 1200.jpg

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во неделата објави дека во Дубаи е уапсен маж осомничен за вооружен напад врз висок руски воен разузнавачки офицер Владимир Алексеев во Москва. Осомничениот е екстрадиран во Русија, изјавија руски извори за Ројтерс.

Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, беше застрелан повеќе пати во петокот во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите. Според извештаите на руските медиуми, Алексеев бил опериран по нападот.

ФСБ објави дека рускиот државјанин Љубомир Корба е уапсен под сомнение дека го извршил нападот во Дубаи. Според информациите од руските безбедносни служби, Корба е роден во Украина, поточно од Тернополската област. Тој отпатувал во Русија за да го изврши нападот во име на Украина, тврдат Русите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина дека стои зад обидот за атентат, велејќи дека целта била саботирање на мировните преговори. Украина негираше каква било поврзаност со нападот. Во меѓувреме, претпоставениот на генералот Алексеев, адмиралот Игор Костјуков, кој ја предводи ГРУ, ја предводи руската делегација на разговорите со Украина во Абу Даби. Тема на преговорите се безбедносните аспекти на потенцијалниот мировен договор.

Можете да прочитате

Мелони: Оние што протестираат против ЗОИ се непријатели на Италија

Трамп во среда се среќава со Нетанјаху, ќе разговараат за Иран

Полицијата употреби солзавец и водени топови на протестот против ЗОИ во Милано