Утрински Весник
Македонија

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите се иселуваат 

Jon frckoski kanal 77 1.jpeg

-Изолираноста на Македонија во моментов плаши, затоа што таа само ќе се продлабочува и на ниеден начин нема да го спречи иселувањето, ниту ќе ги врати младите. Напротив. И покрај изјавите на премиерот дека млади се враќаат тука со авиони, прашањето е дали воопшто има визија за нивната иднина тука, додаде рече Јон Фрчкоски, член на ИО на СДСМ, во гостувањето во емисијата Стадион во Канал 77.

Фрчкоски рече дека најзагрижувачки  е  фактот што заминуваат млади, образовани луѓе. 

-Тоа е тивка катастрофа. Државата вложува во нив, а резултатот го користат други земји. Ова е последица на долгогодишна несигурност и лоши политики, додаде тој.

Во контекст на надворешната политика, Фрчкоски истакна дека во однос на стратешкото партнерство со САД денес сме подалеку од било кога досега

-Партнерството со САД отсекогаш било исклучително важно за Македонија. Но, имам впечаток дека, од она што е во периметарот, денес сме подалеку од било каква поддршка и партнерство отколку било кога. Немаме конкретни односи, туку шетање по ходници на премиерот од кои не добиваме ништо. Во Давос немаше средба со сериозен лидер, а истовремено декларативно гаиме симпатии кон САД, додека сме на една друга, дури ни европска линија, која во јавната комуникација многу пати ја споменуваме. Тоа е оската Орбан – Вучиќ – Мицкоски, која на крајот не завршува кон Запад и САД, туку веројатно кон Москва., рече Фрчкоски.

Можете да прочитате

Шуга меѓу војници во касарната во Велес

СДСМ: Нема одговор од МВР – Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница

Полицискиот синдикат на протестен марш – Заканите кон полицајци да се казнуваат со притвор