Утрински Весник
Балкан

Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над 300 лица

Policija grcija.webp.webp

Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, инцидентите започнале околу 2 часот по полноќ кога маскирани лица излегле од просториите на факултетот каде што се одржувала забава и почнале да фрлаат молотови коктели врз специјалните полициски сили кои биле во близина.

Полицијата одговорила со шок бомби и солзавец, а судирите се пренеле и на околните улици, каде што била нанесена штета на три паркирани автомобили.

Во инцидентите повреден бил еден полицаец, а приведени се 309 лица. 

Можете да прочитате

Вучиќ: Воениот сојуз Загреб-Тирана-Приштина е насочен против српските интереси

Опасен вирус се шири во Србија, над 9 илјади заболени

Уапсениот припадник на грчката армија кој издавал воени информации на Кина