Утрински Весник
Свет

Брачниот пар Клинтон бара јавно да сведочи за врските со Епстин

Hilari klinton hiilary f ap kkj.jpg

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга Хилари побараа нивното сведочење пред Конгресот за врските со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин да биде јавно, со цел, како што наведуваат, да се спречи политизација на случајот од страна на републиканците.

Двајцата добиле судски повик за сведочење зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом, кој ги истражува врските на починатиот финансиски магнат со влијателни личности, пренесува The Guardian.

Демократите тврдат дека истрагата се користи како политичко оружје, посочувајќи дека и поранешниот претседател Доналд Трамп имал долготрајни контакти со Епстин, но не бил повикан да сведочи.

Републиканците претходно се заканија со постапка за непочитување на судот доколку Клинтонови не се појават, по што тие прифатија да сведочат.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори