Утрински Весник
Македонија

Стојановски: Продолжуваме со покачување на платите и пензиите

Bojan Stojanovski.jpg

Бојан Стојановски, пратеникот од ВМРО -ДПМНЕ, во вечерашната емисија ,,За или против” на Алфа телевизија, се осврна на економски политики, за развојот на државата и за капиталните инвестиции.

„Покрај тоа што се стабилизираат јавните претпријатија кои беа огромни загубари во изминатиот период, се најде начин заедно  со Владата да се влезе во соработка да набават 150 нови автобуси за ЈСП коишто ќе се движат на електричен погон, 40 нови камиони за Комунална хигиена. Ние одлучивме да ги помогнеме општините со проекти отприлика 325 милиони евра и во најголем дел од општините многудецениски проблеми беа надминати и беа решени. Очекувам преку програмата за поддршка од Владата кон општините да се реализираат многу проекти кои што тоа ќе можат граѓаните да го видат секој ден. Ќе добиеме во Скопје еден комплетно нов булевар, првата фаза во тоа да ја добиеме во Скопје првата подземна сообраќајница“, рече Стојаноски.

Стојаноски истакна дека ќе продолжи политиката на покачување на платите и пензиите и зголемување на бројот на работни места, а со тоа и економскиот раст, а инфлацијата ќе се задржи на стабилно ниво.

„Сметам дека ќе продолжиме исто како и претходните пет квартали а тоа е раст над 3%, инфлацијата ќе ја задржиме на едно стабилно ниво од 2,5%, мислам дека оваа година ќе ја донесеме до тоа ниво, ќе реализираме многу капитални инвестиции, ете 10-тина инвестиции очекуваме да ги финализираат своите одлуки и да инвестираат во Република Македонија, и оваа година ќе продолжиме со политиката на покачување на платите и пензиите, да ја стимулираме потрошувачката, ќе продолжиме да ги финансираме проектите кои значат раст и развој. Она кое што значи наша економска филозофија да ја донесеме до одреден зенит, затоа и сметаме дека оваа година не треба да имаме никакви предизвици кои ќе значат одложување на тој наш пат. Гарантираме беспоштедна борба дека граѓаните ќе живеат подобро секој месец изминат тоа ќе го направиме, очекуваме да дојдеме оваа година до некаде 10%, до едноцифрена бројка на невработеност, да нудиме многу повеќе работни места. Она коешто можеме да го гарантираме е беспоштедна борба и труд кој треба да генерира една сигурност кај граѓаните и дека секое едно семејство ќе биде ефектуирано од некоја политика од Владата“, вели Стојаноски.

Можете да прочитате

Минчев: СДСМ ја изгуби идејата, Црвенковски беше симбол на државност

АНБ распиша јавен оглас – 24info.mk

Мицкоски го претстави новиот ИК: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар