Утрински Весник
Свет

Двајца загинати во лавина во Словачка

Lavina.jpg

Најмалку две лица го загубија животот во лавина што денеска се активирала во планинскиот масив Високи Татри, на северот на Словачка, соопшти полицијата од регионот Прешов. Несреќата се случила нешто по 11 часот во Зломишкова долина, под врвот Тупа. Според првичните информации, лавината затрупала двајца мажи кои се движеле во оваа планинска област.

Од полицијата потврдуваат дека загинатите се странски државјани, но нивниот идентитет засега не е објавен. Истрагата за причините и околностите на несреќата е во тек, а надлежните наведуваат дека поради сложените услови на теренот, во моментов не можат да споделат повеќе детали. Спасувачките служби сè уште се на местото на настанот, додека надлежните предупредуваат на зголемен ризик од нови лавини во високите планински предели.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд