Утрински Весник
Македонија

СДСМ: „Алфа ТВ“ и „Бетмен“ во одбрана на Орбан 

Sdsm.webp.webp

Сега веќе и официјално граѓаните можат да видат како директно Алфа ТВ и Богдан Илиевски го бранат Орбан.

Поинаков и подиректен начин од ова не постои.

Како што кажавме, Петер Шац е сопственик на 99% од „CHS Invest Group” со мнозинство удели во телевизијата Алфа ТВ. Заедно со Агнес Адамик, сопственичка на речиси 40% од порталите, дел од медиумската мрежа за промоција на анти-ЕУ кампањата, авторитарните идеи но и црна кампања против опозицијата и лажни вести.

По медиумите и телекомуникациите преку 4IG, сега го имаме и влегувањето на Орбан и во енергетскиот сектор во Македонија.

Ова е дел од поширок политичкиот проект на ВМРО за ширење на влијанието на Орбан со кое Македонија се изложува на странско мешање, дезинформации, и „нетранспарентни финансиски текови” кои ја оддалечуваат земјата од ЕУ а ја приближуваат до авториратни режими и геополитичките цели на Русија.

Она што го говори СДСМ, се потврдува секој ден.

Центар за комуникации, СДСМ

Можете да прочитате

Стојановски: Продолжуваме со покачување на платите и пензиите

Сточар од Лакавица остана без пет овци и три јагниња

Магла и снег на повеќе патни правци