Утрински Весник
Македонија

Николоски: Потребно е воспоставување на авиолинија меѓу Македонија и Црна Гора во интерес на подобро поврзување на двете земји

1000063443.jpg

Mинистерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ.

На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете земји, притоа акцент се стави за можноста за воспоставување на нови авиолинии и подобро поврзување на врските меѓу двете земји.

Вицепремиерот го запозна амбасадорот Миљаниќ со инфраструктурните проекти како и со реформските процеси што се спроведуваат во насока на исполнување на европската агенда, притоа беше истакната силната инвестициска активност во изградба и модернизација на меѓународните коридори, кои имаат силно влијание врз регионалниот развој и соработка.

На средбата се разговараше и за зголемување на економската соработка, трговската размена како и соработката во туризмот.    

” Со амбасадорот разговаравме за подобрување на билатералните односи особено за можноста за воспоставување на авио поврзување меѓу двете земји.  Исто така отворивме теми и за унапредување на трговската соработка, туризмот и се што е во интерес на  двете земји. Црна Гора е наша пријателска земја и очекуваме дека во име на таквиот партнерски однос, соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период”, истакна вицепремиерот Николоски.

Двајцата соговорници се согласија на интензивирање на  понатамошната соработка, посебно во делот на зголемување на економските односи меѓу Македонија и Црна Гора.

Можете да прочитате

СДСМ: Максим – ЗНАМ политика како приватен бизнис 

Ристоска: Очекувам да бидам избрана за државен јавен обвинител

Седумгодишно девојче тешко повредено во сообраќајка во Куманово