Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Sdsm.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Помина една недела од објавата на големиот картелски скандал со 5 тони дрога, запленета во соседна Србија која дошла од Македонија.

Сè уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој ќе одговара за овој картелски скандал и кој од власта е вмешан?

Бидејќи на сите им е јасно, без поддршка на структури во власта, МВР, Царина, невозможно е 5 тони дрога да се шверцуваат преку граница.

СДСМ со денови алармира за поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија.

Власта молчи, исто како што молчи за сликите на Мицкоски со криминалецот Симе.

Сега граѓаните гледаат медиумска кампања со заплени на канабис и обиди на власта да дефокусира од главното прашање: кој дозволи 5 тони дрогата да помине преку граница?

Ова е една голема фарса а доколку станува збор за легален канабис тогаш може да се отвори и нов проблем.

Кои се фактите?

Законскиот основ за производство на медицински канабис во Македонија го направи ВМРО и Никола Груевски со измени на Законот на 9 ти февруари 2016 година.

Првата лиценца за одгледување медицински канабис во Македонија била издадена во февруари 2017 во време на ВМРО.  

Производството на канабис почнало во мај 2017.  

Доколку само поради нивната медиумска кампања и сензационализам, се запленуваат и легални количини државата може да се случи на крај државата да плаќа и отштета.

Затоа ова бркање вештерки по компании е фарса а истото се случува и во Србија. Целата кампања повторно ја прават по рецептот на Вучиќ – сè е copy-paste.

Можете да прочитате

МОН ги претстави новините во трите нови закони за високото образование и за научноистражувачка дејност, два се веќе на ЕНЕР

Полицајци, наставничка и пожарникар зeмале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Кривична за охриѓанец, украл марихуана од фабрика за медицински канабис во која бил вработен