Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Magla.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100метри во Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150метри Демир Капија, информира АМСМ.

Сите патни правци во државата се проодни. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Тошковски за МРТ: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

САД пренасочуваат воена помош од Македонија кон Латинска Америка