Утрински Весник
Свет

Словенија усвои рамка за ограничување на социјалните мрежи за лица под 15 години

Mobilen 2.jpg

Словенечката влада ја утврди рамката за подготовка на правната организација на користењето на социјалните мрежи за лица под 15 години.

Според вицепремиерот Матеј Арчон, иницијативата е подготвена од Министерството за култура, а пред усвојувањето на законските одредби, за неа ќе се изјаснат и струката и  Министерството за дигитална трансформација.

Арчон додаде дека владата одлучила да го преземе овој чекор по примерот на другите земји.

„Во светот и во Европа, ова беше жешка тема во последните недели и месеци, а со ова ние, како влада, покажуваме дека се грижиме за нашите деца. Подлогата ќе биде дополнета од струката, а ќе биде подготвена и правната основа за организирање на користењето на социјалните мрежи, секако во однос на заштитата на децата и малолетниците“, рече Арчон.

Австралија во декември беше првата земја во светот што го забрани пристапот до социјалните мрежи за лица под 16 години, по што Франција, Данска и Грција го најавија истиот чекор во Европа, додека Шпанија и Португалија го објавија тоа оваа недела.

Можете да прочитате

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија

36 клинички извештаи за деца со симптоми на труење поврзани со повлечена бебешка формула во Велика Британија